Пари Сен Жермен и Јувентус се заинтересирани за египетскиот напаѓач на англискиот Ливерпул, Мохамед Салах.
Според изворот, 32-годишниот фудбалер размислува да го напушти клубот по завршувањето на сезонава, а доколку навистина ги напушти Црвените и оди во друг европски клуб, тоа би се сметало за предавство на Ливерпул, бидејќи така Салах би имал прилика да игра против Ливерпул.
Трансфермаркт ја проценува неговата вредност на 55 милиони евра, а најсериозен интерес за Салах имаше од саудиски клубови, па се чинеше дека ако си оди во Ливерпул следна станица ќе му биде тим од Саудиска Арабија, но изгледа не е така.
Договорот на Мохамед Салах со Ливерпул е со важност до летото 2025 година, а клубот периодов се обидува да му го продолжи договорот и подолго да го задржи својот најдобар играч.