Барселона го откажа Реал и од титулата во Примера

Барселона потврди дека доминира во дуелите против Реал Мадрид дури и на теренот на „Сантијаго Бернабеу“, откако за само четири дена два пати се радуваше на победа. Каталонскиот гигант во средата го победи Реал со 3:0 во Купот, а сега доволно беше да даде еден гол, за повторно да се радува, овојпат во првенството.

Иван Ракитиќ е стрелец на голот вреден нова победа за Барселона во Мадрид. Хрватот одлично се снајде во 26 минута и откако му избега на Серхио Рамос, го матираше Тибо Куртоа. Погодокот на Ракитиќ може да го видите ТУКА.

Реал Мадрид како ретко кога досега делуваше немоќно на свој терен, па ако се соберат и 90 минути од средбата во Купот, не успеа да го загрози голот на Барселона цели 180 минути. За разлика од Реал, Барселона постави рекорд, откако на дури 23 Ел Класика во низа дава барем по еден погодок.

Со вечерашниот пораз Реал речиси сигурно ќе се прости и од трката за титулата во Примера. Откако Барселона ги елиминираше во Купот, сега во првенството каталонците создадоа 12 бода пред вечниот ривал. Актуелниот првак има 60 бодови, а Реал остана на 48 бодови во првенството.

 

 

- Оглас -

Најнови вести