Малиот шведски клуб, Бромапојкарна, не треба да се грижи за својата иднина, бидејќи двајца нивни поранешни фудбалери заедно вредат 120 милиони евра. Клубот кога ги продаде Дејан Кулушевски и Виктор Гјокерес заработи 4.5 милиони евра. Кулушевски беше продаден на Аталанта за 3.5 милиони евра, а Гјокерес на Ковентри за еден милион евра.
Бромапојкарна заработува од солидарниот фонд за фудбалерите кои потекнуваат од нивната академија, но и по 5% од секоја следен трансфер на фудбалерите. Според аналитичарите, заработата само за овие двајца фудбалери на крајот може да изнесува помеѓу 35 и 40 милиони евра.
Вредноста на Кулушевски во моментов е 55 милиони евра, додека вредноста на Гјокерес е 65 милиони евра.