Критики за Халанд: „За репрезентацијата не игра ништо, како да се чува“

Ерлинг Халанд важи за еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, но репрезентацијата на Норвешка одигра само 0-0 на гостувањето кај Казахстан, па веднаш главен виновник е оној од кого се очекува најмногу, фудбалерот на Манчестер сити.

„Халанд беше далеку од нивото на играч од светска класа. Ова беше едно од најлошите изданија на Халанд кое некогаш го имам видено.“ – рече поранешниот селектор на Норвешка, Олсен.

Ситуацијата во Норвешка ја подгреа и репрезентативецот на Казахстан, Јусуп Шадиев, кој рече дека норвежанецот само се шетал по теренот.

„Мене ми се чинеше дека на моменти тој само се шеташе по теренот. Освен што погоди статива, не направи ништо друго. Изгледа сосема различно од онаа верзија во Манчестер сити. Воопшто не влегуваше во дуели, можеби и се чуваше.“ – рече Шадиев.

- Оглас -

Најнови вести