Аргентина има пеколно гостување, Албанија дома ќе сака да победи

6102 Унгарија – Босна и Херцеговина (20:45 ч.)

Двете селекции со убедливи порази ги започнаа дуелите во Лигата на нации и примија по пет гола. Унгарија беше декласирана од Германија со 5:0, а БиХ кај Холандија загуби со 5:2.

Унгарија и БиХ одиграле четири меча меѓусебе и билансот е две победи и две реми во корист на Унгрците. На три од тие четири дуели немало повеќе од два гола, а и ако се знае дека имаа очајна одбрана пред само неколку дена, сега сигурно ќе сакаат да покажат дека имаат квалитетна дефанзива.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.35)

 

6112 Ирска – Грција (20:45 ч.)

Грците се полни со самодоверба по победата од 3:0 над Финска, додека Ирска ќе се обиде да го поправи впечатокот откако пред неколку дена дома загубија со 2:0 од Англија.

Интересно е дека Грција има супер биланс во дуелите со Ирска од четири победи и едно реми, без пораз. Играа меѓусебе и во квалификациите за ЕП 2022, а Грците победуваа со 2:0 и 2:1.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.92)

 

6113 Албанија – Грузија (20:45 ч.)

Голема традиција има на дуелите на овие две селекции. Грузија има седум победи, Албанија се радувала три пати, а три пати било и нерешено. Двете екипи покажаа завидна ефикасност во првото коло, иако ова се селекции чија игра се базира на дефанзива.

Албанија има супер квалитетна одбрана, а Грузија на голот го има Мамардашвили, па ќе биде интересно да се види кој ќе излезе како победник.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.83)

 

6111 Чешка – Украина (20:45 ч.)

Чешка е во резултатска криза и во последните четири меча има три порази и едно реми. Тоа е селекција која игра отворен фудбал, без многу калкулации, па не случајно во последните осум дуели одигра со комбинација ГГ3+.

Ако сака да остане во трка за првото место, Чесите сега мора да бркаат победа, но и Украинците имаат свои калкулации, па може да се очекува меч со повеќе погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.94)

 

6049 Колумбија – Аргентина (22:30 ч.)

Дуел од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година, а двете селекции се со големи шанси да бидат на Мундијалот. Аргентина има шест победи во седум меча, додека Колумбија е единствена без пораз во квалификациите.

Овие две селекции играа и во финалето на Копа америка пред помалку од два месеци и беше 0:0, а потоа Аргентина победи со гол во дополнитените 30 минути. Аргентина ќе биде без Лионел Меси, а Анхел ди Марија се пензионираше, па реално на гостите ќе им биде тешко да стигнат до победа.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.03)

- Оглас -

Најнови вести