Англија ќе дава голови, Македонија нема да загуби, а најинтересно ќе биде на дерби-дуелите

Пет интересни репрезентативни пресметки се дел од денешните Квоти на денот во Sport Life. Доколку ги одиграте сите пет предлози на еден тикет заедно, ќе добиете вкупен коефициент од 40.59.

Македонија дома не треба да загуби од Ерменија во меч на којшто ќе има од два до четири погодоци, комбинација која се вреднува со 2.05.

Англија е голем фаворит против Финска и Гордиот Албион треба да постигне барем еден погодок во првиот дел и најмалку три гола до крајот на средбата. Оваа комбинација е со квота од точно два.

Унгарија и Босна и Херцеговина треба да одиграат дуел на којшто ќе има од еден до три погодоци во двете полувремиња, комбинација која е точно со квота два.

На дербито меѓу Холандија и Германија треба да има победник. Без разлика кој тим на крајот ќе се радува, ова треба да е пресметка во која ќе паднат од 2-4 погодоци за да биде добитна квотата од 2.20.

Аргентина гостува кај Колумбија во меч од Јужноамериканските квалификации за СП. Тука предлогот е Гаучосите да не загубат во дуел на кој ќе бидат постигнати најмалку два гола за да биде добитен коефициентот од 2.25.

- Оглас -

Најнови вести