Репрезентацијата не сака да игра на стадионот изграден пред три години, а вреди 95 милиони евра

Репрезентацијата на Романија одлично ги започна мечевите во Лигата на нациите победувајќи на двата меча кои ги одигра. Прво со 3:0 славеше во Приштина против Косово, а синоќа со 3:1 ја победи Литванија на меч одигран во Букурешт.

По победата над Литванија, селекторот на Романија, Мирчеа Луческу, беше многу лут и тоа поради условите кои ги имаше на стадионот „Генчеа“, каде што се играше средбата. Луческу е разочаран од теренот кој беше во очајна состојба.

„Теренот беше очаен. Екипа која својата игра ја темели на додавања, многу тешко може да игра во такви услови. На таков терен може да се случат многу грешки, играчите се лути на условите. Поради состојбата на теренот, ние бевме во неповолна ситуација. Беше ужано, се надевам дека веќе нема да играме на овој стадион додека не се среди теренот“, револтирано реагираше Луческу.

Стадионот „Генчеа“ на кој игра тимот на Стеауа е изграден пред пред три години, а за него беа потрошени дури 95 милиони евра. Сепак, поради неодржување на теренот, сега е тешко да се игра на таква тревната подлога.

„Постојат и други стадиони, како што се тие во Крајова, во Клуж, а тука е и Националната арена. Не е задолжително да ги играме мечевите во Букурешт. Ова е репрезентација и треба да игра во сите градови каде што има услови“, додаде Луческу.

- Оглас -

Најнови вести