Фантастични осум различни комбинации има во денешната понуда во Бет билдерот на Sport Life. По две комбинации има од четири репрезентативни дуели кои се играат вечерва, меѓу кои е и пресметката на арената „Тодор Проески“ меѓу Македонија и Ерменија.
Комбинацијата Македонија да победи против Ерменија, Бојан Миовски да постигне гол, двата тима да дадат барем по еден погодок и да има повеќе од 8,5 корнери се вреднува со коефициент 17.
Во „шемата“, Македонија да победи, Елиф Елмас да даде гол, да има над 2,5 погодоци и Македонија да изведе повеќе корнери се вреднува со квота од 16.
Дури 18 е коефициентот ако Унгарија слави над БиХ, Доминик Собослаи да даде гол, Барнабас варга да има повеќе од 1,5 шута во рамките на голот на гостите и Един Џеко да има барем еден шут во рамките на голот на Унгарија.