Тројца репрезентативци на Кина добија доживотна суспензија

Кинеската фудбалска федерација доживотно суспендира 43-ца луѓе поради наводно обложување и местење натпревари. Меѓу суспендираните има и тројца репрезентативци на Кина, како и јужнокореанскиот репрезентативец Сон Јун-Хо.

Под лупа биле дури 128-мина луѓе кои биле вмешани во аферата со обложување, соопштија од Министерството за јавна сигурност. По двегодишна истрага, 43-ца луѓе добија доживотна суспензија.

Меѓу суспендираните е и поранешниот кинески репрезентативец Јин Јингдао. Во март оваа година поранешниот претседател на Кинеската фудбалска федерација, Чен Хујуан, беше осуден на доживотен затвор поради примање мито. На 11 години затвор беше осуден и некогашниот потпретседател на Федерацијата, Ли Јуџи, исто така поради примање мито.

- Оглас -

Најнови вести