Типувањето за новото коло од бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза, веќе е отворено и ќе трае сè до сабота во 14 часот, кога започнува првиот натпревар од понудените 13.
Колото ќе го отворат екипите на Мајорка и Виљареал, а главниот предизвик за типувачите на Спортската прогноза ќе биде лондонското дерби помеѓу Тотенхем и Арсенал, кое се игра во недела, со почеток во 15 часот.
Во третото коло на Спортската прогноза најмногу натпревари има од германската Бундеслига, вкупно четири. Од шпанската Ла Лига и англиската Премиер лига има по три меча, два натпревари се од француското првенство, а еден дуел е од италијанската Серија А.
Не заборавајте да ги одиграте и резервните натпревари, кои се бројат во генералниот пласман, а тука и двата натпревари се од италијанската Серија А.
Прогнозерот кој ќе има погодени 13 натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.