И втор натпревар на Ајакс оваа сезона е одложен откако полицијата во Амстердам одби да го обезбедува дуелот против Утрехт. Холандските полицајци веќе подолго време штрајкуваат и работат со намален капацитет, а со почетокот на сезоната одбија да ги обезбедуваат и дерби-дуелите од првенството.
Претходно од истата причина беше одложен и дуелот помеѓу Феенорд и Ајакс откако полицијата во Ротердам одби да го обезбедува мечот.
Раководството на Ајакс побарало мечот со Утрехт да се игра со намален број публика или гледачи воопшто да нема, но и тие предлози биле одбиени од страна на полицијата бидејќи во тој случај може да има протести на навивачите и насилство кон полициските службеници.