Алиоски има понуда од Турција

Езџан Алиоски цели 13 месеци нема одиграно ниту еден официјален натпревар на клупска сцена, а наскоро оваа пауза може да заврши.

Турскиот прволигаш Анталијаспор е заинтересиран за популарниот Џани и има испратено понуда за него и се чека брз одговор. Алиоски во сезоната 2022/2023 играше во Турција, и тоа за големиот Фенербахче.

Во тимот од Анталија игра и еден фудбалер со македонски пасош, Ердал Ракип.

- Оглас -

Најнови вести