Евертон и Ливерпул го играат јубилејното 200-тото лигашко дерби, сите бројки се на страната на „црвените“

Кога се игра градско дерби, без разлика колку и да е еден тим поквалитетен во моментот, неизвесноста околу тоа како ќе биде резултатот, секогаш постои. Евертон и Ливерпул веќе трет век ја одржуваат традицијата на Мерсисајд дербито. Првиот меѓусебен дуел градските ривали го имаат одиграно уште во 1894 година, кога Евертон победил со 3:0. Од тогаш до сега се одиграни вкупно 232 меча, а Ливерпул е подобар и има 93 победи, наспроти 66 триумфи на Евертон и 73 нерешени средби.

Интересно е тоа што денешното дерби има двоен јубилеј. Ова ќе биде 200-та лигашка пресметка на градските ривали, а по 100-ти пат ќе играат на „Гудисон Парк“. Ако се гледа според ситуацијата на табелата, Ливерпул е голем фаворит, но и под притисок дека мора да победи, за да се врати на првото место во Премиер лигата, пред Манчестер сити.

Евертон е точно на средината на табелата. На 10-тата позиција е далеку од барање излез во Европа, но и доволно далеку од зоната за испаѓање. Токму затоа домаќините ќе бидат без голем притисок, но со огромна желба да го победат локалниот ривал.

Доколку Ливерпул успее да остане непоразен на „Гудисон парк“, тоа ќе биде рекорден осми пат во низа во првенствен меч. Седум првенствени меча по ред без пораз Ливерпул на гости кај Евертон имал само уште во периодот од 1913 до 1922 година. Откако на клупата на Ливерпул е дојден Јирген Клоп, тимот нема пораз од Евертон во досегашните седум средби.

Едноставно традицијата, но и мометалната ситуација на табелата и тимовите со кои располагаат двете екипи посочува дека ова треба да биде победа на гостите, а во обложувалниците на Sport Life има одлични коефициенти за големото градско дерби.

 

- Оглас -

Најнови вести