Столе Димитриевски избран за најдобар голман во второто коло од Лигата на нациите

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски се најде во тимот на колото во Лигата на нациите. Нашата репрезентација со 2:0 славеше над Ерменија во Скопје, иако цело второ полувреме Македонија беше со фудбалер помалку по исклучувањето на Ѓоко Зајков.

Фудбалерите на Ерменија упатија дури 14 шута, од кои шест одеа директно во голот на Македонија, но Димитриевски беше безгрешен и успеа сите да ги скроти. Токму поради тие одбрани, сосема заслужено доби оценка 8,4, што беше доволно да се најде во тимот на второто коло од Лигата на нациите.

Најдобриот тим за ова коло го сочинуваат и ѕвезди како Хари Кејн, Лука Модриќ, Бруно Фернандеш, Трент Александер-Арнолд…

- Оглас -

Најнови вести