Кристијано Роналдо ја напушти европската клупска фудбалска сцена откако реши од Манчестер јунајтед да замине во Ал-Наср во Саудиска Арабија. Португалскиот голгетер на контроверзен начин си замина од Манчестер, а сега повторно имаше свој коментар за тоа што се случува во редовите на најтрофејниот клуб во Англија.
„Манчестер јунајтед треба да гради тим од почеток. Тренерот не може да каже дека не е способен да се бори за титулата во првенството и за трофејот во Лигата на шампионите. Како тренер на Манчестер јунајтед едноставно не можеш да го кажеш тоа. Имаш право да мислиш дека екипата нема потенцијал, но не смееш тоа јавно да го кажеш. Треба да се каже дека секогаш ќе се борат за трофеите“, вели Роналдо, кој беше гостин на поткаст на Рио Фердинанд.