Кошаркарот на Реал Мадрид, Хрватот Марио Хезоња, беше исклучен на синоќешниот пријателски натпревар против Монако поради недолично однесување.
Во четвртата четвртина, Хезоња му приговори на судијата по еден недосуден фаул, а потоа му влезе во лице за да му каже што има, можеби и со намера физички да се пресмета со него, по што му беше покажан патот до соблекувалната.
Неговите соиграчи некако успеаја да го смират и Хезоња брзо го напушти паркетот, но тоа не беше начин да се заврши претсезонскиот натпревар што многу деца дојдоа да го гледаат. Некои од децата му пружија рака за да се поздрават со него додека заминуваше, но Хрватот беше лут и не им обрати внимание.
https://twitter.com/i/status/1833952156556169245