Легендарниот шпански дефанзивец Серхио Рамос веќе неколку месеци е без клуб, но тоа не е затоа што нема интерес за него, туку затоа што самиот тој ги одбива сите досегашни понуди. Рамос има 38 години и уште не планира да ја заврши кариерата, но според последното одбивање, не планира да игра ниту во бразилскиот клуб Ботафого.
Овој познат бразилски клуб имал понуда за договор со Рамос, но фудбалерот ги одбил затоа што платата која му ја понудиле не била според неговите очекувања. Дефазинецот минатата сезона играше за Севилја, клубот во кој и започна пред повеќе од две децении. Рамос со светска популарност се стекна играјќи во Реал Мадрид, а го има носено и дресот на Пари Сен Жермен.
За репрезентацијата на Шпанија одигра рекордни 180 натпревари во периодот од 2005 до 2021 година, а има постигнато и 23 гола.