Суперкомпjутер пресмета какви се шансите на големите европски клубови да стигнат до титулата во ЛШ

Елитната Лига на шампиони во новата сезона има и нов формат. Наместо групна фаза, сега ќе има една голема лига во која ќе учествуваат сите 36 екипи, а секој тим ќе одигра по осум натпревари. На крајот, најдобрите осум одат сигурно во нокаут-фазата, а клубовите кои ќе бидат од деветто до 24-то место ќе разигруваат во плејофот за продолжување понатаму.

На 17 септември (вторник) ќе започне новото издание на ЛШ, а различни се предвидувањата кои екипи може да стигнат до тронот. По пресметките на суперкомпјутер, најголеми шанси да го освои пехарот има англискиот првак Манчестер сити.

Пресметките велат дека Сити има 25,3 отсто шанси да стигне до највредниот клупски трофеј во Европа. Веднаш зад Сити е актуелниот европски владетел и најтрофеен клуб, Реал Мадрид. За Кралскиот клуб се даваат 18,2 отсто шанси да стигне до тронот.

Потоа следува Интер со 10,9 отсто шанси да биде европски првак, па Арсенал со 6,3 отсто шанси. Пресметките велат дека потоа следуваат Баер Леверкузен со 5,4 отсто, Барселона (5,2 отсто), Ливерпул (4,2%), Баерн Минхен (4,1%) и ПСЖ со 4,1 отсто шанси да биде европски првак.

- Оглас -

Најнови вести