Анчелоти му се заканил на Белингам: Требаше да го земам брат ти и да го пуштам да игра место тебе

Џуд Белингам ја игра втората сезона во дресот на Реал Мадрид. Во дебитантската сезона Белингам одигра блескаво и беше еден од најзаслужните што Кралскиот клуб се радуваше на титулите во Примера дивисион и во Лигата на шампионите.

Сепак, Џуд открива дека не било толку лесно да се вклопи во клубот. Некојпат морал да трпи и необични шеги.

„Бев во шок кога брат ми Џоб даде два гола за Сандерленд во победата над Ротерам. Тогаш Анчелоти дојде и ми кажа „Потпишавме со погрешниот брат“. Го прашав дали се шегува, а тој ми одговори дека е сериозен. Потоа му рече дека ако го доведе, ќе го пушти во игра на мојата позиција, а јас ке останам резерва“, вели Белингам за шокот кој го претрпел, па подоцна добил извинување за шегата.

Братот на Џуд Белингам е 18-годишниот Џоб, кој игра во тимот на Сандерленд.

- Оглас -

Најнови вести