Дани Карвахал е еден од најтрофејните играчи во Реал Мадрид. Повеќе од 10 години е стандарден во тимот на Кралевите и иако постојано беше и е во сенка на големите ѕвезди, како Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Тони Крос, Лука Модриќ, а сега и на Винисиус јуниор, Џуд Белингам, Карвахал, секогаш бил една од клучните алки во освојувањето на многуте трофеи.
Искусниот 32-годишен бек вели дека сака да остане на „Сантијаго Бернабеу“ и да му биде продолжен договорот, но ако тоа не се случи, ќе замине надвор од Европа.
„Од почит кон Реал Мадрид, никогаш нема да заиграм за друг клуб во Европа. Ако сите работи се сложат, би сакал да го продолжам договорот со Реал Мадрид. Тоа отсекогаш сум го сакал, го сакам и сега“, вели Карвахал.
⚪️🇪🇸 Dani Carvajal: “I’d never play for any other club in Europe out of respect for Real Madrid”.
“If all parties agree, I want to renew my contract at Real Madrid, which is what I have always wanted and what I now want”, told Marca. pic.twitter.com/DAQXaAZPCf
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 12, 2024