Виктор Осимен ќе биде големо засилување за екипата на Галатасарај, но и голема закана за екипата на Фенербахче, чиј тренер е славниот Жозе Мурињо. Португалецот во интервју зборуваше токму за Осимен, не заборави да го искритикува за неговото однесување, иако тие двајца се добри пријатели.
„Осимен е фантастичен играч. Да сум во клуб кој може да плати 70-75 милиони евра, веднаш би го купил. Тој е одличен играч, но сега доаѓа во различно опкружување. Галатасарај доби фантастичен фудбалер. Немам проблем со Виктор,во одлични односи сме. Секогаш кога играм против него, разговараме, бидејќи не ми се допаѓа како се однесува. Лесно паѓа, разговаравме за тоа на мечот Рома – Наполи. Му реков: Ти си еден од двајцата најдобри африкански фудбалери. Ти и Салах. Пред тебе беа Дидие Дрогба, Самуел Ето и Жорж Веа. Не може така да се однесува, премногу паѓа и тоа е мојот проблем со него, но после 10 минути повторно сме во добри односи. Неговото доаѓање е одлично за Галатасарај и за турската лига.“ – рече Мурињо.