Најубавата фудбалерка се пожали: Моето момче заработува 100.000 пати повеќе од мене

Швајцарката Алиша Леман која е фудбалска ѕвезда пред се поради нејзиниот изглед, истакна дека е среќна во нејзиниот нов клуб Јувентус, но не заборави да спомне дека во фудбалот нема рамноправност на половите.

Додека во машкиот фудбал се вртат огромни суми на пари, кај жените е сосема поинаку. Леман е во љубовна врска со бразилскиот фудбалер Даглас Луиз, кој истотака летово му се придружи на Јуве. Но, трансферот на Луиз од Астон Вила беше 50 милиони евра, додека Старата дама ја купи Леман за само 50.000 евра.

„После тренинг често му велам на Даглас дека тоа е неправедно. Ние ја работиме истата работа, но тој заработува сто илјади пати повеќе од мене. Ова е нешто што ме допира бидејќи сум жена“, рече Швајцарката.

Леман е една од најпопуларните фудбалерки во светот, со над 17 милиони следбеници на Инстаграм. Но, вели дека е скромна и не се чувствува како ѕвезда.

„Јас не живеам како ѕвезда, туку како сите други. Мојот живот е нормален. Одам дома и готвам. Исто како и сите други. Убаво е кога шетате по улица и луѓето ве поздравуваат со „Здраво Алиша како си?“. Ги користев социјалните мрежи за промовирање на англискиот фудбал, а сега сакам да му помогнам на женскиот фудбал во Италија. Времето што го поминувам на социјалните мрежи е ништо во споредба со мојата работа на теренот. Фудбалот е целиот мој живот“, вели таа.

Леман потпиша договор со Јувентус до 2027 година, а нејзиното момче Даглас до 2029.

- Оглас -

Најнови вести