Пред почетокот на вечерашното саудиско дерби помеѓу Ал-Наср и Ал-Ахли, се одржа кратка церемонија на која се одбележа рекордот на Кристијано Роналдо од 900 голови на официјални натпревари во кариерата.
Директорот на Ал-Наср, шпанската фудалска легенда Фернандо Јеро, му подари дрес на Роналдо на кој пишуваше 900 голови и „ГОАТ“ што на англиски јазик е кратенка за најдобар на сите времиња.
Иако има многу ѕвезди на теренот вечерва, како Роналдо и Мане од едната, а Марез, Тони и Фирмино од другата страна, сепак по првото полувреме нема голови.
Over 900 reasons to celebrate: the GOAT is home 🐐🎉 pic.twitter.com/8nJvAFEb7v
— AlNassr FC (@AlNassrFC_EN) September 13, 2024