Гатузо: Каков Инстаграм, користам само зелено и црвено копче на мобилниот

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, на прес-конференцијата после победата над Сасуоло, беше расположен, и кажа дека не е љубител на социјалните мрежи, а и да сака да користи, не може, бидејќи мобилниот телефон го користи само за да се јави некому или да стисне „црвено“ за крај на разговорот.

„Алегри го избришал профилот на Инстаграм? Мене и онака ме навредуваат од трибините, немам намера да отворам Инстаграм. Не ни помислувам да имам Инстаграм. За мене на мобилниот има само зелено копче за да кренам, и црвено да спуштам“ – изјави Гатузо, чиј тим е на трето место во Серија А.

Гатузо призна дека Милан е во добра форма во последните две недели, но не сака да се создава еуфорија, туку чекор по чекор да се доигра сезоната и потоа да се види каков ќе биде пласманот и да се анализира дали е успешна сезоната.

- Оглас -

Најнови вести