Почетокот на третото коло од спортска прогноза е на самиот праг, а интересно е дека најголем дел од прогнозерите очекуваат доминација на домашните состави. Од понудените 13 натпревари, на дури осум, домашните клубови се со поголеми шанси за победи, барем според типувањата на прогнозерите.
На два меча, најголем процент на типувања има за „икс“, односно нерешено додека три средби се со предност за гостите. Болоња има 55 отсто шанси за триумф кај Комо, барем според прогнозерите, а сличен е процентот и за радост на Арсенал и тоа во големото лондонско дерби кај Тотенхем. Третата „двојка“ е резервирана за Њукасл кој гостува кај Вулверхемптон и дури 75 отсто чекаат победа на гостите.
Возбудувањата ќе започнат со дуелот Мајорка – Вилјареал, а најголем дел од прогнозерите се за нерешено (преку 42 отсто од прогонозерите). Во малото лондонско дерби,Фулам е домаќин на Вест хем, а преку 40 отсто од типовите се дека ќе заврши нерешено.
Главен предизвик на Спортска прогноза во секое коло е да погоди Среќна 13-ка нешто што досега не успеало на ниту еден прогнозер. Прогнозерот со погодени 13 натпревари одбира еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени следува ваучер во Sport Life од 1000 денари, а 500 денари се добиваат со 11 погодени фиксови.