Дали е за верување? Клоп во Јуве, Алегри во Интер

Италијанските медиуми веќе го преселија Масимилијано Алегри од клупата на Јувентус, и објавуваат дека нов тренер на „старата дама“ ќе биде Јирген Клоп. Неодамна се шпекулираше со името на Зинедин Зидан, но во Јуве процениле дека Германецот е вистинскиот човек за наследник на Алегри кој ниту со скапата инвестиција Кристијано Роналдо во тимот, не ги оправдал очекувањата.

Доколку Јуве испадне во осминафиналето од Лигата на шампионите, сигурно е дека Алегри ќе си замине, бидејќи титула во Серија А нема да биде доволна. Во Јувентус се опседнати со титула во ЛШ и веруваат дека Клоп може да им го донесе тој трофеј.

Но, се чини дека Алегри и да биде избркан од Јуве, или ако сам се повлече, нема да остане без работа. Се најавува дека ќе го замени Лучано Спалети на клупата на Интер. Алегри во Интер би соработувал со Џузепе Марота, екс директорот на Јуве и човек кој го донесе Алегри во Јувентус, но прашање е дали би сакал после гигантот од Торино, да работи во друг италијански клуб.

- Оглас -

Најнови вести