Репрезентативката на Швајцарија, Алиша Леман, летово заедно со своето момче, Даглас Луис, потпишаа за екипата на Јувентус. Претходно двајцата беа дел од Астон вила, а „старата дама“ за нивните услуги плати 50 милиони евра за фудбалерот, а само 50.000 евра за фудбалерката.
Даглас Луис потпиша договор до 2029-тата, а Леман до 2027-мата. Сепак, фудбалерката е незадоволна од платата, бидејќи машките фудбалери заработуваат многу повеќе.
„После тренинзите често разговараме со Даглас дека не е фер. Работиме иста работа, но тој заработува 100.000 пати повеќе од мене. Можеби малку претерувам, но дефинитивно тоа е поентата.“ – вели Алиша Леман.