Ќе има драма во реваншот, Тиквеш загуби во Грција со четири гола разлика

Тиквеш во првото коло од ЕХФ Европскиот куп, загуби на гостувањето кај грчкиот тим Бјанко Монте Драма со 27-31 (13-14), и на реваншот во Кавадарци македонскиот претставник ќе треба да брка убедлива победа за да ја оствари целта и да се пласира во наредната рунда од ова натпреварување.

Подобриот од овој двобој во следната фаза ќе игра со норвешки Арендал.

Вечерва во Драма, најдобри поединци кај ГРК Тиквеш беа Мартин Димовски и Мартин Манасков со по 5 голови, а Срѓан Мијатовиќ и Дарио Кофилоски имаа по 4 реализации. Голманот Игор Арсиќ се истакна со 11 одбрани.

- Оглас -

Најнови вести