Делиите со посвета за Куманово и навивачите на Црвена ѕвезда од овој македонски град

Црвена ѕвезда го победи Напредак со 2-0 во меч на кој се славеше 61-годишнина од постоењето на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, а фановите имаа посвети и за покојниот музичар Бора Ѓорѓевиќ и Делиите од Куманово кои слават 15 години од своето формирање.

Фронтменот на „Рибља Чорба“ беше голем фан на Црвен-белите, па Делиите му посветија транспарент и знаме со неговиот лик, и тука нема ништо спорно.

Она што ќе предизвика повеќе реакции беше пораката која се појави на северната трибина.

„Во Куманово нема рудник за злато, но има камен… Многу скап камен. Колку крв оставивме на тој камен. 15 години дел од северната трибина“ – пишуваше на транспарентите, а на сликата беше и споменикот на ридот Зебрњак кој се наоѓа во близина на Куманово.

Инаку, спомен-костурницата на Зебрњак е спомен-обележје кое беше подигнато во чест на загинатите српски војници за време на Кумановската битка во Првата балканска војна во 1912 година.

- Оглас -

Најнови вести