Спектакуларно враќање на Лео Меси: Со два гола и асистенција донесе победа за Интер Мајами (Видео)

Лионел Меси после точно два месеци се врати на фудбалските терени, откако на 15-ти јули се повреди на мечот помеѓу Аргентина и Колумбија. Враќањето на аргентинецот беше спектакуларно, со два гола и асистенција за победа од 3-1 на Интер Мајами над Филаделфија.

Сепак, гостите први дојдоа во водство, уште во втората минута преку Уре. Тоа како да го налути Меси, па со два гола во 26-тата и 30-тата минута направи пресврт, а во 98-мата минута му асистираше на Луис Суарес за конешни 3-1.

За Меси тоа беа 13-ти и 14-ти првенствен погодок оваа сезона, додека Суарес го постигна 17-тиот гол. Интер Мајами е убедливо прв во Источната конференција со 61 бода, 10 повеќе од второпласираниот Синсинати.

- Оглас -

Најнови вести