После репрезентативната пауза, попладнево продолжуваат натпреварите од петтото коло на Првата Македонска фудбалска лига. Натпревар кој привлекува најголемо внимание ова коло е секако дуелот во скопската населба Маџари, каде Гостивар ќе го пречека најтрофејниот македонски клуб, Вардар.
Гостиварци кои своите натпревари ги играат на неутрален терен, донесоа непопуларна одлука и забранија присуство на публика на денешниот меч, но навивачите на Вардар најавија дека ќе се појаваат и ако треба од надвор ќе ги бодрат своите миленици. Според квотите во Sport Life, Гостивар е голем фаворит со квота за победа од 1.57, но изненадување на Вардар има фантастична квота од 5.35.
Во досегашниот тек од првенството Гостивар има осум бода и е третопласиран, додека Вардар со само три бода е на делба на последната и претпоследната позиција со Брера. Во меѓусебните дуели, Вардар седум натпревари нема победа, а скопските „црвено-црни“ последен пат се радуваа против Гостивар во 2021-вата година со 3-1, но во второлигашкото друштво. Минатата сезона во Првата лига, два натпревари завршија нерешено, а еднаш се радуваше Гостивар со 2-0.
Возбудувања ќе има и во скопската населба Чаир, каде во дуелот на поранешните шампиони на Македонија, ќе се сретнат Шкупи и Шкендија. Актуелниот шампион на Македонија, Струга, гостува во Битола кај Пелистер, додека на третиот натпревар кој ќе се одигра во Скопје се среќаваат Работнички и Тиквеш. На последните два меча играат Брера – Беса во Струмица и Воска – Силекс во Охрид.