Оскар Пјастри од Мекларен е победник на денешната трка од Формула 1 шампионатот која се возеше низ улиците на главниот град на Азербејџан, Баку.
Клучниот момент се слули во 20-тиот круг кога Пјастри го претекна дотогаш водечкиот Шарл Леклер. Потоа Пјастри одлично се бранеше од нападите на пилотот на Ферари кој ја имаше и пол-позицијата, но не знаеше да го претвори тоа во нова победа после онаа феноменалната во Монца.
Во претпоследниот круг имаше драма, во битката за второто место. Серхио Перез го напаѓаше Леклер, овој се одбрани некако, а им се приклучи Карлос Саинс кој изби пред Перез. Мексиканецот не сакаше да го загуби третото место, се обиде да му врати на Шпанецот, а тогаш дојде до судар помеѓу нив и завршија во заштитната ограда.
Ова значеше и крај на трката, па и Саинс и Перез останаа без бодови. Инцидентот дојде им дојде на Расел, Норис и Ферстапен да освојат повече бодови отколку што заслужија.