Лоши вести за Реал Мадрид, три месеци без Мароканецот

Реал Мадрид ја потврди повредата на Брахим Дијаз преку официјално соопштение, а повредата на десната нога е потешка отколку што се мислеше и Марокамецот роден во Малага би можел да отсуствува три месеци.

Брахим синоќа беше стартер на гостувањето кај Реал Сосиедад и почувствува затегнување во задниот дел на десната надколеница околу 20-та минута. Се обиде да продолжи на теренот, имаше неколку кратки спринтови, но тоа само ја влоши ситуацијата и во 23-та минута падна на земја и побара измена.

Реал има голем број повредени играчи, Брахим се придружува на листата и неговото отсуство ќе биде проблем за ротацијата во офанзивниот дел бидејќи периодов ќе се играат мечеви на секои три дена и тренерот Карло Анчелоти ќе треба да користи едни исти играчи.

- Оглас -

Најнови вести