Реал Мадрид со 2:0 победи на гости кај Сосиедад, а двата погодоци на кралскиот клуб беа постигнати од пенал. Двата удари од белата точка беа во второто полувреме, а Винисиус јуниос и Килијан Мбапе беа прецизни.
Со овие два пенали на еден натпревар, Реал Мадрид само потврди дека е апсолутно доминантен во Топ 5 лигите во категоријата да има два пенали за еден клуб на ист натпревар.
Ова беше 17-ти дуел на кој Реал доби два пенали на еден меч во Топ 5 лигите, во 21 век. Втор на оваа листа е Ливерпул со 12 првенствени натпревари на кои имале по два досудени пенали во нивна корист. На оваа листа има место и за Рома со 11 меча на кои имало два пенали за Римската волчица, потоа Милан со 10 натпревари на кои имало два пенали во нивна корист и Барселона, Јувентус и Манчестер сити со по девет средби се при врвот во Топ 5 лигите во оваа категорија во 21 век.
17 – Teams to score 2+ penalty goals in a single match the most times in the top five European leagues in the 21st century:
🇪🇸 REAL MADRID – 17
🏴 Liverpool – 12
🇮🇹 AS Roma – 11
🇮🇹 AC Milan – 10
🇪🇸 Barcelona – 9
🇮🇹 Juventus – 9
🏴 Manchester City – 9Infallible. pic.twitter.com/DXlCsTsL5o
— OptaJose (@OptaJose) September 14, 2024
Во првите пет кола во Примера дивисион во корист на Реал Мадрид беа досудени четири пенали и сите четири беа реализирани. Кралевите се само трет клуб по Рајо Валјекано и Атлетико Мадрид кои имале четири пенали во нивна корист во почетните пет натпревари.
4 – Real Madrid are the third team to score four penalty goals after their first five games of a LaLiga season in the 21st century, after Rayo Vallecano in 2002/03 and Atlético de Madrid in 2012/13. Punisher. pic.twitter.com/BdOx7KiSdc
— OptaJose (@OptaJose) September 14, 2024