Барди повторно со перфектен слободен удар за гол на Трабзон (Видео)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди беше еден од најзаслужните во тимот на Трабзон кој пред своите навивачи одигра 1:1 против турскиот гигант Бешикташ, во дуел до петото коло на тамошното првенство.

Бодот на Трабзон има дополнителна вредност затоа што домаќините уште во 13 минута останаа со играч помалку по директниот црвен картон на Един Вишча. И со фудбалер помалку, Трабзон прв даде гол, а најзаслужен е токму Барди.

Беше досуден слободен удар на околу 35 метри од десната страна, а Барди со перфектен центаршут го погоди Јокушлу кој со прецизен удар со глава погоди за 1:0.

Trabzonspor 1-0 Beşiktaş – Okay Yokuşlu 17′
byu/dawnsreaper insoccer

До крајот на првиот дел, Бешикташ израмни со погодокот на Фернандес во 39 минута, а Барди потоа доби жолт картон во шестата минута од продолжението на првиот дел. На почетокот од вториот дел Барди беше повлечен од игра, а Трабзон одлично се бранеше во вториот дел во кој имаше осум минути дополнително време, па на крајот домашниот дел, иако со играч помалку цели 90 минути игра (пресметано со судиското надополнување во двете полувремиња), на крајот успеа да освои еден бод.

По три кола, Трабзон има три нерешени дуели, додека Бешикташ кој имаше три победи во низа, прв пат одигра реми сезонава.

- Оглас -

Најнови вести