ОФК Београд приреди изненадување откако со 3:2 славеше над Партизан во меч од 8 коло на српската Суперлига. По овој резултат, ОФК се искачи на второто место на табелата со 16 бодови, три помалку од лидерот Црвена ѕвезда која има 19 бодови од седум одиграни средби. Партизан остана на 11 бодови од шест дуели.
Поразот на Партизан е шокантен ако се знае дека Црно-белите водеа со 2:1 до 86 минута. Потоа ОФК израмни на 2:2 со гол од пенал, а арбитарот потоа покажа дека ќе се играат дополнутелни пет минути судиско надополнување. Во 95 минута и 17 секунда, односно во полследниот напад, ОФК со голот на Стојилковиќ стигна до 3:2 и победа над фаворитот.
⚽ Gol OFK Beograda u 96. minutu za pobedu protiv Partizana! pic.twitter.com/oASR4ZUHJg
— Arena Sport TV (@arenasport_tv) September 15, 2024
Во следното коло Партизан на свој терен ќе игра против вечниот ривал Црвена ѕвезда.