Иџе шампион во својата група: Македонијо, ова е за тебе!

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе, сезоната во Европскиот шампионат на ридски патеки ја заврши како победник во својата група 1.

Сезонава Стефановски имаше нов автомобил, Ферари 488 Челинџ Ево, и не можеше да се бори за првото место во севкупниот генерален пласман, беше седми, но затоа беше убедливо најдобар во својата група меѓу 16-темина возачи.

На трката во Бузет, Хрватска, викендов Иџе го освои третото место.

„Македонијо, ова е за тебе! Победник во Европскиот шампионат на ридски патеки во Група 1! Овој успех не е само мој, туку на цела Македонија! Благодарност до сите кои беа со мене низ овој пат, до мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, до моите спонзори и до сите вас кои ни давате безрезервна подршка во сето ова“, порача Иџе преку „Фејсбук“.

- Оглас -

Најнови вести