Славниот холандски фудбалер, а сега тренер, Робин ван Перси, оваа сезона го има својот прв самостоен тренерски ангажман. Тој го презеде кормилото на Херенвен, но во четвртото коло од холандското првенство доживеа вистински дебакл откако на гостински терен загуби со 9-1 од АЗ Алкмар.
„Ова е тешко, во кариерата се појавуваат бројни проблеми и потешкотии, но и неуспеси. Извлековме лекции од овој натпревар. Сето ова е дел од фудбалот“, рече Ван Перси по дебаклот кој го доживеа со Херенвен.
За Херенвен ова е највисокиот пораз во историјата на клубот.