Освоија 14 титули и играа во групите на ЛЕ, а сега се последни на табелата и пред банкрот

Екипата на Дандалк е втора според бројот на трофеи во првенството на Ирска со 14 титули, но во моментов е на последното место на табелата со заостанување од девет бода од зоната за опстанок. Сепак, тоа не е најголемиот проблем на клубот, кој има долгови од 500.000 евра и му се заканува банкрот.

Дандалк две години беше дел од групите на Лигата на Европа, а раководството на клубот сега мака мачи да најде пари и да ги исплати долговите. И Фудбалскиот сојуз на Ирска се обидува да им помогне, со предвремена исплата на средствата од солидарниот фонд на УЕФА, но и тука не може да се направи којзнае колку бидејќи не може да форсираат некоја екипа на сметка на другите.

Дандалк и оваа сезона беше дел од европските купови и испаднаа во второто коло од Конференциската лига, но и тие пари веројатно нема да им бидат доволни за да се спасат од банкрот.

- Оглас -

Најнови вести