Мерсисајд дербито без голови, нов кикс на Ливерпул

Евертон и Ливерпул ремизираа без голови во новото „Мерсисајд“ дерби, а од овој дуел најмногу профитираше Манчестер сити. Четвртото реми на „црвените“ во последните шест премиерлигашки меча значи дека по 29 кола актуелниот шампион ќе ја преземе лидерската позиција на табелата со 71 бода, односно еден повеќе од Ливерпул.

За разлика од претходните дербија меѓу овие градски ривали, овојпат не беше зачинето со драма како по обичај. Голманите беа главна причина што мрежите мируваа, одличните одбрани на Алисон и Пикфорд не дозволија ниту навивачите во сино, а ниту фановите во црвено да се радуваат на гол, односно триумф.

Ливерпул со седмото овосезонско реми сега е на второто место со 70 бода, додека Евертон исто така го запиша седмото реми и со 37 бода стои на средината од табелата во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести