Ѓоковиќ го надмина Федерер во уште една категорија

Новак Ѓоковиќ со Србија имаше уште еден успешен настап на тенискиот Дејвис куп. Србија со 3:1 ја победи Грција, а за два триумфа заслужен е токму Ѓоковиќ.

Новак прво во сингл конкуренција со 2:0 славеше над Јанис Ксилас, а потоа беше успешен и во двојки. Со триумфот во поединечна конкуренција Ѓоковиќ стигна до 41 победа во кариерата во Дејвис купот и со тоа го надмина неговиот голем ривал Роџер Федерер.

Швајцарецот во кариерата заврши со 40 победи и осум порази во поединечна конкуренција во Дејвис купот, а Ѓоковиќ сега има 41 победа и осум порази. И Ѓоковиќ и Федерер имаат само по една титула во Дејвис купот. Србија се радуваше на трофејот во 2010 година, а во 2013 година играше во финалето, кога со 3:2 во сетови загуби од Чешка.

- Оглас -

Најнови вести