Порака од Жирона: Миовски е подготвен !

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е подготвен да оствари еден од своите фудбалски соништа, а тоа е да настапи во Лигата на шампионите. Миовски со својата Жирона, в среда гостува кај францускиот првак Пари Сен Жермен, а ова ќе биде прв меч и за каталонскиот тим во елитното европско натпреварување на УЕФА.

На официјалниот профил на Жирона беше истакната порака која вели „Бојан е подготвен“.

- Оглас -

Најнови вести