Младите „пандевци“ се спасија од пораз и со активен резултат ќе патуваат во Сараево

Младинскиот шампион на Македонија, АП Брера, го имаше своето деби во европските купови,откако на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица одригра меч против Сараево од првото коло на младинската Лига на шампиони. Херој на струмичани е Мартин Ѓоргиевски, кој со два гола ја спаси Брера од пораз и се избори за реми 2-2.

Гостите од Сараево имаа убедливи 0-2, откако Поповиќ погоди во 37-мата минута, а Плочо во 69-тата од пенал го удвои водството. Сепак, на сцена стапи Мартин Ѓоргиевски, кој најпрво во 76-тата минута намали на 1-2, а потоа во 94-тата минута од пенал ги постави конечните 2-2.

Младите „пандевци“ со активен резултат ќе патуваат на реваншот во Сараево, кој е закажан да се одигра следната среда.

- Оглас -

Најнови вести