Денес и официјално започна новата сезона во Лигата на шампионите, а главната тема деновиве е зголемениот број натпревари, кој се зголемува од 125 на 189. Дополнително, следното лето ќе се игра и Светското клупско првенство со 32 екипи, па фудбалерите на најдобрите екипи веќе почнаа да го креваат својот глас, па дури и се најавува штрајк.
„Прашајте кој било фудбалер и ќе ви го каже тоа. Ако се продолжи вака, нема да имаме друг избор. Мислам дека ова е премногу. Некој мора да се грижи за нас бидејќи ние сме дел од овој спорт или бизнис, како и да го наречете. Не е се во парите и маркетингот, важен е и квалитетот на шоуто. Халанд имаше долга пауза бидејќи неговата земја не се пласира на ЕП и сега гледате каков е. Тоа е најголем доказ за ова што го зборувам. Мислам дека помеѓу 40 и 50 натпревари е максимумот за еден фудбалер“, вели фудбалерот на Манчестер сити, Родри.