Ал-Наср го отпушти Луис Кастро, Пиоли е најголем фаворит за нов тренер

Екипата на Ал-Наср имаше лош почеток на новата сезона во Саудиска Арабија. Тие прво останаа без трофејот од Супер купот, во првенството имаат две нерешени и една победа по три кола, а вчера одиграа нерешено и против Ал-Шорта од Ирак во азиската Лига на шампиони.

Ова беше доволно за раководството на клубот да му врачи отказ на тренерот Луис Кастро, кој само неколку дена претходно за медиумите изјави дека никогаш во кариерата не бил отпуштен.

Кристијано Роналдо сега ќе го добие и четвртиот тренер во неговата ера во Ал-Наср, по Руди Гарсија, Динко Јеличиќ и Луис Кастро. Најголем фаворит за нов тренер на Ал-Наср е Стефано Пиоли.

- Оглас -

Најнови вести