Кенан Јилдиз повлече нога, стрелец е на првиот историски гол сезонава (Видео)

Турчинот Кенан Јилдиз на своето деби во Лигата на шампионите даде гол, и тоа не каков било.

Јилдиз е стрелец на првиот гол во ЛШ со новиот лигашки формат и со неговиот погодок му донесе водство на Јувентус против ПСВ, а во моментов резултатот е 2-0, погоди и Американецот Вестон Меккени.

Јилдиз со 19 години и 136 дена стана и најмлад фудбалер во историјата кој го дал првиот гол во една сезона во ЛШ.

 

- Оглас -

Најнови вести