ВАР двапати го спасуваше Динамо во Минхен, не можеше и третпат

Баерн Минхен тргна силно против Динамо Загреб, Баварците веднаш сакаа да покажат кој е кој и во првите 20 минути од мечот на „Алијанц арената“ постигнаа три гола, од кои два беа поништени по прегледување на снимката.

Стефан Ристовски е стартер кај Динамо и ќе бидат на мака и тој и целата одбрана на Модрите, а Аријан Адеми е на клупата за резерви.

Откако им беа поништени головите на Мусијала и Гнабри, Баерн конечно поведе од пенал, а реализатор беше Кејн. Инаку пеналот беше виден на ВАР додека се разгледуваше (не)регуларноста на голот на Гнабри.

На дербито на „Сан Сиро“, Милан рано поведе против Ливерпул со гол на Пулишиќ, а гостите прво се заканија кога Салах ја погоди пречката, потоа Конате погоди за 1-1. Црвените се последен тим (во декември 2021) кој победил на гости во ЛШ кај Милан откако Росонерите повеле со 1-0.

- Оглас -

Најнови вести