Пеналот кој беше досуден за Баерн Минхен на дуелот со Динамо Загреб, е 58-ми за Баварците во Лигата на шампионите и со тоа се изедначија со Реал Мадрид на врвот на изведени пенали во историјата на ЛШ.
Во топ 5 тимови со најмногу шутнати пенали се и Барселона (53), Челзи и Манчестер јунајтед (двата англиски тима имаат по 35).
Реал можеше повторно сам да биде на врвот, судијата Умит Мелер покажа на белата точка на натпреварот со Штутгарт, но потоа одлуката беше поништена, бидејќи снимката покажа дека немаше фаул над Ридигер. Средбата Реал Мадрид – Штутгарт е единствена од вечерашните на кој нема гол во првото полувреме.
Хари Кејн даде гол од пенал и стигна до бројка од 30 гола во ЛШ со што се изедначи со Вејн Руни, а Баерн води убедливо 3-0 против загрепски Динамо.
Ливерпул направи пресврт против Милан, како и другпат во минатото. Росонерите водеа 1-0, но на полуврме е 2-1 за англискиот тим кој победи после водство на Милан на „Сан Сиро“ и во 2021 година.
Спортинг води 1-0 против Лил, а португалскиот тим во цело второ полувреме ќе има и човек повеќе на терен, па Лавовите од Лисабон се блиску до победа.