Бразилецот Ендрик стана најмлад стрелец во историјата на Реал Мадрид на меч од европските купови, а голот против Штутгарт покажа дека 18-годишникот има храброст која се граничи со дрскост.
Ендрик тргна кон противничкиот гол, можеше да им додаде на Мбапе или Винисиус, кои трчаа и чекаа по крилните позиции, но Бразилецот шутна и имаше среќа што постигна гол, сигурно многу ќе го критикуваа за себичност ако не погодеше.
„Ендрик има мадиња и храброст да шутира. Целта е да се даде гол и тој го најде најдоброто решение“, искоментира тренерот Карло Анчелоти.
Ендрик призна дека ги видел Мбапе и Вини, но проценил дека е најдобро тој да се обиде, а не да им додава. Родриго изјави дека никогаш не би шутнал од таму да бил на местото на Ендрик и го пофали својот сонародник.