Роналдо предизвика црвенило на „Сан Паоло“, Пјаниќ и Џан не простуваат (видео)

Јувентус по првото полувреме води со сигурни 2-0 на гостувањето кај Наполи во дербито од 26-тото коло во Серија А. Актуелниот италијански првак направи голем чекор кон зголемување на бодовната предност во однос на екипата на Карло Анчелоти. Доколку резултатот остане во корист на „старата дама“, разликата на табелата ќе биде дури 16 бода.

Мрежите мируваа речиси половина час, но 25-тата минута ќе се покаже како клучна во дербито. По една катастрофална грешка на одбраната на Наполи, голманот Алекс Мерет стартуваше врз Роналдо надвор од шестнаесетникот и нерегуларно спречи многу сериозна шанса за гостите. Мерет доби црвен картон, а Пјаниќ изведе фантастичен слободен удар за предност од 1-0.

Само девет минути подоцна, Емре Џан се запиша во листата на стрелците, па на Јуве му остануваат уште 45 минути да ја запише и 23-тата првенствена победа сезонава.

https://www.dailymotion.com/video/x73gp2d

https://www.dailymotion.com/video/x73gpjp

- Оглас -

Најнови вести